sofia.mfa.gov.mk Open in urlscan Pro
2a06:98c1:3120::3  Public Scan

Submitted URL: http://sofia.mfa.gov.mk/
Effective URL: https://sofia.mfa.gov.mk/
Submission: On February 28 via api from FR — Scanned from NL

Form analysis 0 forms found in the DOM

Text Content

Македонски



MK






Македонски



MK





АМБАСАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО БУГАРИЈА



Frederic Joliot-Curie 17 block 2, floor 3, Suite 5 1113 Sofia

Тел: ++ 359 2 870 15 60

Факс: ++ 359 2 870 50 98

sofia@mfa.gov.mk

   

 * ЗА НАС

 * БИЛАТЕРАЛНИ ОДНОСИ

 * КОНЗУЛАРНИ ИНФОРМАЦИИ

 * ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА (FAQ)


НАЈНОВИ ВЕСТИ


ОСМАНИ И МИЛКОВ ВО ПОСЕТА НА НУБ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ КАДЕ ПОЛОЖИЈА ЦВЕЌЕ

Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија, Бујар Османи и
Николај Милков, во рамките на денешните активности во Скопје по повод
одржувањето на бизнис форумот меѓу двете земји, остварија и посета на
Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје. При
прошетката низ просториите, министрите имаа можност да ја разгледаат богата
колекција на уметнички дела - изложба посветена на 50-годишнината од пуштањето
во употреба на специјалниот наменски објект на НУБ „Св. Климент Охридски“, дело
на архитектот Петар Муличковски, како и изложба на дела од еминентни ликовни
уметници на кои е претставен Св. Климент Охридски од колекцијата на Климе
Коробар. Во рамките на посетата, положувајќи цвеќе, двајцата министри заеднички
го чествуваа ликот и делото на Св. Климент Охридски, кој воедно е патрон на
Националната и универзитетската библиотека во Скопје.  

Скопје, 7.12.2022

Прочитај повеќе


БИЗНИС ФОРУМ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - БУГАРИЈА ВО ЗНАКОТ НА МИЛИЈАРДА ЕВРА ТРГОВСКА
РАЗМЕНА

На иницијатива на министрите за надворешни работи на Република Северна
Македонија и Република Бугарија, Бујар Османи и Николај Милков, денес во Скопје
се одржа  Бизнис форум, насловен „До една милијарда и понатаму.“  На панели каде
активно учествуваа претставници од стопанските комори, од ресорните институции и
бизнис заедницата на двете држави, со присуство на повеќе од 150 компании, се
дискутираше за теми од сферата на енергетиката, инфраструктурата,
земјоделството, туризмот, ИТ и индустрискиот развој. „Оваа година, само во
првите три квартали имавме раст од преку 50%, со што трговската размена надмина
700 милиони евра, а проекцијата покажа дека оваа година ќе се надмине и прагот
од една милијарда евра“ потенцираше Османи во своето воведно обраќање. Таквиот
позитивен тренд се случува и покрај фактот што инфраструктурната поврзаност не
ја олеснува оваа динамика, но деловните субјекти на двете земји наоѓаат начини
да соработуваат. Во таа насока, сигурно ќе помогнат и реактивираните
меѓуресорски работни групи, за што е договорен календар на активности и средби.
„Пред нас е декада во која нашите проекции се Северна Македонија да го исполни и
вториот стратешки приоритет и да стане полноправна членка во ЕУ. Не гледам зошто
да не си поставиме амбициозна но остварлива цел: во овој период, оваа една
милијарда да ја дуплираме. Тоа не се прави со чекање, ниту само со амбицијата на
бизнисите, туку и преку создавање соодветни услови за бизнисот: инфраструктурно
и енергетско поврзување; изградбата на пругите, патиштата; отворањето нови
гранични премини, поттикнувањето на меѓу граничната соработка итн.“, нагласи
Османи.   Во рамките на бизнис форумот беа потпишани четири договори на компании
од двете земји, вредни над три милиони евра.  

Скопје, 7.12.2022

Прочитај повеќе


МИНИСТЕРОТ ОСМАНИ ЈА ПРЕТСТАВИ МКАРТАТА, НАМЕНЕТА ЗА НАШИ ИСТАКНАТИ ЛИЧНОСТИ ВО
СТРАНСТВО

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес на конференција за новинари
го претстави проектот МКАРТА, наменета за поединци со потекло од Република
Северна Македонија, како симболично признание за нивниот несебичен ангажман во
насока на промоција на државата надвор од нејзините граници. МКартата
претставува признание и потврда за истакнати личности или поединци од земјата
кои живеат во странство, а кои со својата работа и професионалност покажале
истакнат успех, а со тоа и вистинска промоција на Северна Македонија во
странство, нагласи Османи. „Како нивна родна земја сакаме да им изразиме
благодарност, би рекол на симболичен начин - да им вратиме, да им ја
компензираме нивната улога на промотори на земјава, преставувајќи не како земја
од која доаѓаат успешни и квалитетни луѓе“,  додаде тој. „Во еден подолг минат
период, голем број луѓе не само што ја имаат напуштено земјата, туку и имаат
остварен посебен истакната професионален и општествен успех таму каде што се
наоѓаат. Тоа се успешни доктори, научници, бизнисмени, културни работници итн.,
кои сакаме да ги привлечеме кон земјава, да им ја зајакнеме врската и да
создадеме потенцијал за нивно поблиско вклучување во нашите општествени текови„,
истакна Османи. Идејата е таквите поединци да бидат дел од една поширока мрежа
која подлабоко би била вклучена во општествените текови во државата. Целиот
процес поврзан со МКартата ќе го координира Министерството за надворешни работи.
Со картата ќе се добијат и одредени бенефиции, како слободен влез на културни
настани, музеи и галерии, би се добило предност при аплицирање за проекти во
рамките на програмите за соработка на Министерството за надворешни работи со
поединци и здруженија надвор од Северна Македонија, олеснето регулирање на
престој во државата и поддршка во случај на нови бизниси кои се ствараат и
слично. Во соработка со други Владини ресори, се работи на проширување на
листата на погодности. Планирано е детектирањето на таквите личности да го
започнат дипломатско-конзуларните претставништва на Северна Македонија во
странство, а доделувањето ќе се реализира во строго предвидена процедура водена
во рамките на Министерството за надворешни работи.
Прочитај повеќе
Види ги сите


ТУРИСТИЧКИ ДЕСТИНАЦИИ

БАБА ПЛАНИНА, БИТОЛА

ОХРИДСКО ЕЗЕРО, ОХРИД

ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО, ДОЈРАН

Copyright © 2019. Министерство За Надворешни Работи.
ПочетнаКонтакт