kiev.mfa.gov.mk Open in urlscan Pro
2a06:98c1:3120::c  Public Scan

Submitted URL: http://kiev.mfa.gov.mk/
Effective URL: https://kiev.mfa.gov.mk/
Submission: On September 19 via api from FR — Scanned from NL

Form analysis 0 forms found in the DOM

Text Content

Македонски



MK






Македонски



MK





АМБАСАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО УКРАИНА



Ivan Fedorov 12 Kiev, 03150

Тел: ++ 380 44 287 78 82

Факс:

dkpkiev@mfa.gov.mk

   

 * ЗА НАС

 * БИЛАТЕРАЛНИ ОДНОСИ

 * КОНЗУЛАРНИ ИНФОРМАЦИИ

 * ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА (FAQ)


НАЈНОВИ ВЕСТИ


ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР ОСМАНИ-КУЛЕБА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА УКРАИНА

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод Денот на независноста на
Украина, денес, оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи
на Украина, Дмитро Кулеба. Упатувајќи искрени честитки по повод Националниот
ден, министерот Османи изрази поддршка за борбата на украинскиот народ, која
воедно претставува борба за нашите заеднички современи и демократски вредности,
како и заштита на меѓународниот поредок. “Северна Македонија во овие тешки
времиња за украинската и европската безбедност, изразува силна поддршка за
Украина и солидарност со украинскиот народ во нивната борба за враќање на мирот
и надминување на последиците од руската агресија. Украинците, бранејќи ја
својата татковина, се борат не само за својата слобода, туку и за слободата на
целокупниот демократски свет и споделените европски вредности.” – истакна
Османи. И во оваа прилика Османи ја реафирмираше нашата цврста и бескомпромисна
поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, притоа
упатувајќи силна осуда за руската воена инвазија, што претставува грубо кршење
на меѓународното право и обид да се поткопаат темелите на европската и
глобалната сигурност и стабилност. Во тој контекст, нагласи дека Северна
Македонија, како членка на НАТО Алијансата има преземено низа чекори и мерки
како одговор на руските воени дејствија. За време на разговорот стана збор и за
европските перспективи на двете држави, особено од аспект на безбедносните
импликации за европскиот континент, но и пошироко, а во контекст на новата
геополитичка реалност.
Прочитај повеќе


СРЕДБА СО Г-ЃА ДИР, ИДНАТА АМБАСАДОРКА НА УКРАИНА ВО РС МАКЕДОНИЈА

Средба со г-ѓа Дир, идната амбасадорка на Украина во РС Македонија.
Прочитај повеќе


ОД ДЕНЕС ПОВТОРНО Е ОТВОРЕНА И ВО ФУНКЦИЈА АМБАСАДАТА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО
КИЕВ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во рамки на посетата на Украина ја
отвори Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев, која беше привремено
затворена заради безбедносни причини, по руската инвазија врз Украина. Со
свечено подигнување на знамето од страна на Министерот, Амбасадата отпочна со
извршување на своите редовни активности. „Ова не е само симболична порака, туку
суштински израз на пријателство и солидарност кон украинскиот народ и држава“,
изјави Османи. Министерот на средбата со неговиот хомолог Дмитро Кулеба,
информираше и за одлуката на  Владата која беше донесена во пресрет на посетата,
со која се обезбедува итна финансиска помош за Украина во износ од 100 илјади
евра.

 

Киев, 27 мај 2022 г.

Прочитај повеќе
Види ги сите


ТУРИСТИЧКИ ДЕСТИНАЦИИ

МАНАСТИР ЈОВАН БИГОРСКИ

ШАРЕНА ЏАМИЈА, ТЕТОВО

ЗАЛИВ НА КОСКИТЕ, ОХРИД

Copyright © 2019. Министерство За Надворешни Работи.
ПочетнаКонтакт